свој (прид.) - машки (прид.)

И Анѓа и Јован ги крстеа своите машки деца на името од пленетото братче Ангелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По случката со аскерот во Мечи Дол, мудурот и јузбашијата не посмеаја да праќаат потери по него додека не добијат уште некој табур војска од Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ги запрегаа Македонците своите машки сили, и се виеше Самуиловиот црвен бајрак, и сечеа нивните мечови, и косеа манлихерите на дружините од Питу Гули, Ордан Пиперката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тебе ти беше важно да ја задоволиш само својата машка суета и да се истуриш.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)