свој (прид.) - локален (прид.)

На италијанските вдовици од Фајер Ајленд ќе можеше да се гледа како на пародија на таа конвенционална женска улога и на моќниот перформативен идентитет на италијанското вдовство – како на чисто пародирање на високоморалната драма на семејните вредности, родовата подреденост и сентименталната сериозност на стрејт-општеството – да не беше тука фактот дека сите италијански вдовици во Пајнс беа мажи кои поради сидата самите загубиле љубовници, пријатели или припадници на својата локална заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Третиот предуслов за третирањето на ликовниот живот во Македонија како сцена е постоењето на меѓународни „ѕвезди”, уметници кои би биле исто толку познати надвор од нашите граници колку и во својата локална средина, кои би биле поканувани од организаторите на големите светски изложби на сметка на организаторот (а не на државата) и за кои би пишувале странските списанија (не по нарачка).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неодамна во својот локален весник прочитав оглас. Roger Papazian од блискиот Rocky Hill во својата работилница “Eden” огласува необични услуги...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)