свој (прид.) - лажен (прид.)

Нему му е потребен еден запуштен, нецивилизиран народ за тој со својата лажна светлина, со имитацијата на трансценденталитет, да свети во него. 32 okno.mk Фолклоризам По сила на таквото, врз крв и тло засновано проценување денес е добиен фолклоризам наместо висока култура, еден бучкуриш од кардељевско-светосавска патетика наместо аналитичка свест, национална илустративност наместо индивидуалната творечка авантура и, на крајот на ова конзервативно-револуционерно дедуцирање, како една изопачена метафизика, добиен е дух на смртта против делото на животот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако сторителот доброволно го отповика својот лажен исказ пред да се донесе правосилна одлука, може да се ослободи од казна (чл. 367, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако поради ова дело настапиле особено тешки последици за обвинетиот, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обожувам кога некој сака да ми ги замачка очите со својата лажна самодоверба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но во поимот матанѕа, кој го изразуваше колективниот транс на педесетината рибари, кои ги убиваа намамените туни во нивниот миграционен циклус, при минувањето крај тунискиот брег, по атланската и медитеранската одисеја, на пат кон Сиритскиот залив на либискиот брег, за да го означат процесот на обновата во природата, се криеше инстинктивната понесеност на човекот да владее над природата, да ја наложува својата лажна супериорност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаше никаква врска меѓу овој поим од италјанско-шпанска провиниенција и политичките настани кои се случуваа во тие денови во Тунис по конечниот пад на бургибизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
-Треба да ги урне сите свои лажни принципи за чие создавање загубил многу години од својот живот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа норма обајцата делумно сте ја исполниле, лажејќи дека сте сонувале нешто што не сте сонувале и давајќи ги своите лажни податоци, своите лажни имиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Важно е дека на мажите обично им недостасува малку внимание, па за препорака е некој кој бил доволно внимателен да ја забележи во тревата или на улицата загубената обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден загубен травер (програмата за заштита на сведоци му го променила полот) пивопиите го задеваат со својата лажна мачо-поза.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)