свој (прид.) - кревок (прид.)

И враќајќи се од бескрајната празнина гореше од недореченост, затворајќи го погледот - накратко сосем мртва, бранувајќи го воздухот со прстите, несигурно како дете ја донираше својата кревка појава од надвор, непознат облик на работ од умот, исцрпена од силните претчувства за далечните светови во кои нема пристап, ограничена од ноќта, тажна, вознемирена и исплашена заради неочекуваноста на поривот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа натежнуваше озгора, како од самиот врв на нагорна шурка, со својот кревок стеблак - над наведнатата глава од човекот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги одгледував своите кревки, недоносени убедувања, хранејќи ги со недоверба.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Хрватскиот поет, хрватскиот режисер, писател и новинар, актер и професор, и денес сè уште е опседнат со желбата својот кревок интелектуален хабитус да го потпре до наизглед цврстиот трон на световната власт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)