свој (прид.) - краен (прид.)

Но, за волја на вистината, мора да се рече дека изненадувањата кои ги приредува животот се вон метафизичките сфери, тие се и во жестоката реалност на антагонизираниот свет, во судирот на протагонистите на непомирливите разлики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дојде времето, за жал тоа мораше да дојде и за Арафат, кога човекот кој во својата душа и врз своите плеќи ја чувствуваше сета тежина на големиот мит, на легендата, колку и да беше силен духот во својата алхемија, хемијата на телото имаше свои крајни граници, особено кога беше нагризено, тоа мораше еднаш да попушти, да се урне...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одовде го започнува патот кон Минхен, Улм, па кон Штутгард и понатаму кон својата крајна цел - Дортмунд.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во својата крајна дестинација мисијата Mulligatawny требало да замине за Бугарија кај тамошните партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради својата крајна неупатеност, а со цел појавата да ја истражувам со некаков систем, своето интересирање прво го задржав на нивната облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пропагандите најпосле само можат да ја достигнат својата крајна цел – дележот, коешто не го сакаат и оние што се против националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но еве кај Павле тоа лошо настроение се зголемуваше сѐ повеќе и повеќе и го достигна својот краен предел: оставката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)