свој (прид.) - комплексен (прид.)

Во својата комплексна и толерантна личност, тој го носеше расцутот, свенувањето и смрtта на јудео-шпанската култура на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од сонот, прв изнурнуваше, со своите пораки, со својот комплексен живот, неговиот вујко Фетхи-беј Окијар-Македонецот, од Прилеп, со кого, во младоста, Ататурк, токму во Битола, во која, според Татко, можеби се криеше тајната на вековите, ги коваше плановите за судбината на Отоманската Империја и на нова Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)