свој (прид.) - комитски (прид.)

Го одведе Ѓорчета кај Чачовци, го облече во Тодорова мариовска облека, (најискината и најизвалкана што беше); Ѓорче ги остави своите комитски алишта, пушката, нагантот, биноколот и убавите јанински опинци; заврза едни свински со сиџими и тури на глава еден калнав искинат фес. Co еден збор се направи мариовец и половина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш дедо Геро почна да им кажува смешки, а Јоне на Николчета му ја даде својата комитска спрема.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та в зори отиде кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)