свој (прид.) - клучен (прид.)

Инаку, Чаршијава заживеа одново со Ликовната академија, на почетокот на осумдесетите, луѓето почнаа да излегуваат и навечер, но полецка прекинаа некаде 87-8-та, па после дојдоа фрките и денес бавно луѓето, пред сѐ младите, пак некако се враќаат во Чаршијава. А тоа што градов не вложува ништо во еден од своите клучни симболи, во својата „копча”, бидејќи она што Македонија е на Балканот, да речеме, тоа е Турската чаршија за Скопје, сврзно ткиво.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мирон Донски, забележувајќи го ефектот од својот клучен збор врз неговата расположба, продолжи: - Голема е вашата заслуга што успеавте не само да ги пренесете туку и да ги средите сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)