свој (прид.) - историски (прид.)

Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ататурк во своите историски дилеми сакаше бекташизмот да го прогласи за религија на државата, но подоцна се премисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А ние, најнапред, мораме да го развиеме својот историски разум.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ние поминавме во своето историско развивање веќе важни стадиуми што можат да претставуваат епоха во историјата на кој и да е народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јаничарството излезе по половина милениум од својот историски контекст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)