свој (прид.) - интересен (прид.)

Од извештајот недвосмислено произлегувал заклучокот за „неочекуваниот солиден славомакедонски карактер“ на областа во која престојувал Еванс и дека „западномакедонското словенско население во приложениот извештај е претставено како многу похомогено, испреплетено со бегалци или со други Грци, и произлегува дека е значително поголемо од она што беше претставено во грчките официјални податоци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британското напуштање на балканскиот простор пред Министерството за надворешни работи на Велика Британија го поставило прашањето од барање начини за повторно враќање на Балканот, сметајќи го него за своја интересна сфера.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Она што било набележано во извештајот, по реакцијата на неговите експерти, не оставало сомневање дека на таа територија се случувале настани кои не им оделе во прилог на дотогашните британски планови за повоеното уредување на Балканот, а посебно во полза на Грција, која ја сметале за своја интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За жал Седларски во својот научен труд не го спомна непосредниот повод: зошто толку долго го одложувал објавувањето на своите интересни наоди (како што истакна и самиот: пред десетина ако не и пред повеќе години тој се сретнал за првпат со записите на монахот), и зошто наеднаш, (да го избегнеме овојпат стереотипот прекутрупа) и без никаква претходна најава, (што може да се потврди и со задоцнетото пријавување на овој труд кај организаторот на семинарот), сепак одлучил да истапи јавно пред научниот собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)