свој (прид.) - интелектуален (прид.)

Така Татко и во доцните фази од својот интелектуален живот размислуваше, посебно кога интензивно работеше врз својата Историја на Балканот низ падовите на империите и сега посебно на тоа се потсетуваше кога го слушаше Камилски како говори за јаничарството и језуитството, во линијата на интелектуалното јаничарство кое беше особено својствено за одделни претставници од народите на Царството, кои и самите беа означени по други обележја од јаничарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сотир Паскали, од еден голем хрватски есеист и франкофон, Матвеј Предраговиќ познат по својата интелектуална храброст во светот, особено кога се работеше за помош и поддршка на затворани писатели од автократските режими кои ја ограничуваа слободата на мислењето, дозна за случајот на хрватскиот сликар Јосип Рацич, кој сонувал да го стигне парискиот импресионизам и да им се придружи на париските импресионисти со својот незадржлив сликарски порив и дарба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Балканвавилонци, во таа смисла е една археологија на балканската лингвистика и историја, и во неа е вклучено навистина знаење колку една библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Присуството на мотивираниот, внесен, амбициозен Камилски, прв пат излезен од занданата на Голи Оток, си ја враќаше својата интелектуална моќ, врз која ја надоврзуваше својата филозофска размисла, го поттикнуваше Татко, да се врати на поглавјето за јаничарството од својата незавршена и запоставена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бил горд на себе,односно на својот интелектуален потенцијал, па никогаш не признал, дури и на својата жена и двете деца дека не дипломирал.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)