свој (прид.) - зелен (прид.)

Кога авторот ја внесуваше завршната верзија во својот зелен блок, просто го копкаше да скршне и да се зараскажува за своите битолски перјани доживувања во собите прекриени со чисти, препрани и преистресени черги, бели чаршави, наштиркани миљеа и завеси во кои толку совршено мирисаше на чисто, нарушено единствено од опојниот мирис на телото на обљубената, но тој тоа не си го допушти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така тогаш авторот замина од Битола презадоволен и нестрплив да се најде дома, на својата работна маса каде што, нужно прераскажан и редактиран, ќе го внесе во својот зелен блок записникот што го доби од Паца. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секако дека авторот и тоа го пренесе во својот зелен „тефтер“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бојана со своите зелени очи им фрли еден контра оган.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Овде нема никаков лоу енд ордер! Закон што велите вие“, велеше и стануваше од својот зелен пластичен стол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еден пролетен ден, кога снеговите се стопија, кога големите дабови под Мацково се раззеленија и Караорман ја облече својата зелена облека, со многу други селани, тргна да оди на печалба во Белград и татко му на Трајчета Тане.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И старата круша го облекла својот зелен, празничен фустан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)