свој (прид.) - замислен (прид.)

По откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХV-ХIХ век), тој се најде пред вистинска ракописна Атлантида на исчезнатото османско време на еден од значајните делови на Балканот, со што патот на судбината беше одреден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На дијагонално распуканата плоча пишуваше: „Музеј на замислени непријатели“. Сите имаме свој замислен, невидлив непријател, виновник за нашите животни неуспеси.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Овој прамен е од мојата коса”, рече девојката, гледајќи го Даниел како со внимание ја гледа косата, со своите замислени и загадочни очи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
РАСКАЖУВАЧОТ: На ваквиот разговор му немаше крај, но ова е апел до читателот: Мечтателот го загуби својот замислен рај.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Јас си ги наредив шаховските фигури и токму кога почнав да играм шах со својот замислен другар Чучко, Бреза тивко влезе во мојата соба и ми се приближи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакаше во својот замислен проект да ги поврзе заедничките обележја на народите во полуостровот во пресудните времиња на падовите на империите и раѓањето на новата надеж, кога веруваше дека на најлесен начин ќе се создаваат ментални мостови кои ќе водат од еден кон друг народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја вечер Ќ ја сонуваше Земјата како огромна топка сало која се врти околу својата замислена оска, како да трча на подвижна лента за да ослабе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Татко ми поттикнат од потрагата по одговорот на прашањето што го бараше Чанга – зошто ги убиваат козите, беше готов да напише ново поглавје за својата замислена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)