свој (прид.) - завршен (прид.)

И, во својот завршен збор, пред ,небескиот трибунал пред претседателот да ја прочита пресудата на моите предци, не можејќи да ги најдам спасоносните зборови, останати во ,трибалниот код на сеќавањето ќе ја продолжам мислата на мајчиниот јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А во своето завршено објаснение, насловено Кон расказите, авторот ќе напише дека во неговата книга: „сите опишани настани се вистински настани, случки сврзани со мојот живот од порано или подоцна“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка одамна ја нема, но таа е останата во алхемијата на моето именување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)