свој (прид.) - жив (прид.)

Младиот патник... тука офицерот го стави прстот на местото до каде што беше стигнал со читањето и ги управи своите живи костенливи очи на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ги скрсти рацете на гради и ги закова своите живи и наедрени од возбуда очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во вечната борба меѓу оганот и водата, оганот се што ќе заграба со своите живи пламени, веднаш го раздвижува, го разнесува, кон небото.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во оваа смиспа тој не пишува за да ја замени својата жива реч туку поради тоа што постои несовладлива разлика меѓу човекот и напишаното: тоа е, пред сѐ, големата, егзистенцијална оддалеченост меѓу него и - записот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Извесноста исчезна пред О'Брајан да ја спушти раката; но иако не можеше да ја поврати, можеше да се сети на неа; исто како што човек се сеќава на некое свое живо доживување од некој далечен период од животот, кога бил, всушност, некоја друга личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секое од нас децата во различни периоди од нашите животи си имавме свој жив дел во татковата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Смислата на каталогот Ла Ринашенте излегуваше, со своите живи значења, надвор од Татковата библиотека, надвор од просторот и од сегашното време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)