свој (прид.) - единствен (прид.)

Всушност, колку што се сеќавам, тоа беа Ендиевите непријатели, целата P.T.I. of American Culture, што егзистираа, работеа и страдаа и умреа во мое име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вака, размислувајќи за Енди Ворхол веќе не знам по кој пат, по повод отворањето на неговиот музеј, изненаден сум колку освежувачки и убаво изгледа неговата спокојна себичност гледано од тука - колку поучно и ефикасно изгледа неговата себе-промоција во овој посебен културен момент - кога толку многу амбиција извира од претенциозната машина на непристрасната доблест. (...)Колку прекрасно изгледа гледано оттука: една чудна птица како што е Ендрју Ворхола да има толкаво срце и волја, воден од силната желба - неразнишана од метадоблестите на високата култура, да работи толку упорно за да ја оствари својата единствена цел - да го направи светот безбеден за “Енди Ворхол”, l ‘homme nouveau.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без разлика колку и добро да познавате нечија уметност, секогаш кога ѝ се навраќате таа повторно извира пред вас како нова, врз основа на новиот контекст, бидејќи вие сте изменети од минатиот пат, а и светот исто така.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко, својот единствен орден во животот, социјалистичкиот Орден на трудот, го доби за своето отоманско откритие, за спасувањето на старите битолски кадиски сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред неколку месеци, на забарската столица, за прв пат ми падна на ум дека целиот свој живот правев сѐ за да го сочувам правото на својата единствена привилегија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овде во Америка, стискајќи ги во раката своите книги, својот единствен ID (кој, се чини, не вреди), ја чувствувам сета трагикомичност на EEW, етикетираниот источноевропски писател, кој своите несреќни татковини ги влече со себе како задолжителен багаж, што секако, дури овде е присилен да го влече.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мојата Литература, мојата Убава Книжевност, мојата Belles Lettres, повторував во себе, стискајќи ја во раката својата единствена лична карта - моите книги...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Немаше однапред договор кој ќе реферира за турцизмите во доменот на исхраната, туку обајцата требаше да бидат максимално подготвени за оваа последна дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко беше облечен во својот единствен костум за мејдан, очекувајќи го својот пријател, на последната дебата околу гастрономијата и јазиците, поточно за местото на османскотурските зборови од областа на исхраната, пијалаците, кои со векови се наоѓаа на заедничката трпеза на Балканците, обајцата убедени дека исхраната обележува една цела цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаел стариот Аристотел: секој сонувач има свој единствен, вечен свет, а на сите бдеачи им е оставен оној другиот, заедничкиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И оваа визија на ослободување ја има својата единствена смисла во уништувањето на карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наместо да си го славиме особениот субјективитет, своите единствени задоволства и карактеристичната култура, за нивна сметка сме постигнале геј-гордост. ‌Кога, на пример, велам дека сум геј – кога се „идентификувам“ како геј или кога го обелоденувам својот геј-„идентитет“ – усвојувам идентитетски заснована стратегија, создадена од самата политика на идентитетот, за да се справам со општествената различност што мојата сексуална различност ја предизвикува во хетеронормативниот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што е и добро, зашто ниту една стварна врска никако не може да се рамни со задоволството во кое жарко уживате во самотијата на сопствената фантазија, во изолираноста на својата единствена хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се оддалечи и од својот единствен син Бургиба Јуниор, од бракот со Французинката Матилда Лорен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додавајќи ја својата единствена машина на системот од машини и машинизирани предмети, со одвај нешто малку повеќе симулирање и фалсификуваност, тој ја оневозможува махинацијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Веројатно се досети и ти. Прославата што Иван Степанович ја приреди по повод раѓањето на својот единствен син се одржа на долниот кат од неговата кафеана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гости имаше и по сепарињата. Многумина од нив дури и за првпат ги гледав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го поведе во својот дом, веднаш поминаа во лабораторијата - работилница, во која Игор Лозински ја создаваше својата единствена музејска колекција на највидните претставници на флората и фауната на Езерото, почнувајќи од невидливите микроорганизми па сѐ до препарираните птици, риби и цицачи кои живееја во Езерото и околу него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Може да се рече дека со оваа своја единствена книга таа долги години ја одржуваше рамнотежата со сите други Таткови книги, од разни времиња, со различни писма.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)