свој (прид.) - духовен (прид.)

Но таа, верата, не ги интересира нив, грчките попишта; сакаат да ги држат Славјаните во своја духовна власт, да ги погрчат и тие да ги собираат даровите и парите што ги даваат верниците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најуспешни театарџии се (се мисли на сите неимари на театарскиот живот) оние кои своите духовни творби смело и гордо ги бојат во партиски бои и внимават со ништо да не ја засенат својата партиска опортуност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
51. Ете зошто, еден од најглавните долгови на македонската интелигенција е да се отстранат еднаш за секогаш од Македонија бугарската и српската пропаганда, да се основа во Македонија свој духовен центар за Македонците и тој центар, како и самите Македонци, да нема никакво земање-давање со соседните балкански држави и народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Очигледно дека камената секира, лакот или стрелата, човековите први орудија, биле неефикасни во оваа нерамноправна борба, и човекот, за да го обезбеди својот духовен мир, бил присилен во доменот на фантазијата да побара некој алтернативен свет, праведен и незагрозувачки, кој постои како антитеза на овој во којшто поминуваме поголем дел од својот живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеше во тие мигови да му ја довери нацијата на својот духовен брат Месади. Не можеше да замисли друг!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури да дојде на власт преку државен удар тој нема да го заборави делото на својот духовен татко!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако ја загубиш најважната работа, довербата во себе, самодовербата, ти не си подготвен да одиш понатаму, да се качуваш и да достигнеш до својот духовен врв – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Разбудените можат да го контролираат својот духовен свет, знаат дека во себе го носат и детето и мудриот старец... - говореше Еразмо... - треба да се трудат да го пронајдат мудрецот во себе...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Силвана Симоска, универзитетски професор по германски јазик Семантичката единица односно конституентите (лексемите) на глобалната метафора Времето на козите во наративниот модус на книгата на времето на тоталитаризмот (сталинизмот), асоцира на оние луѓе кои преку жртвите кои ќе му подигнат храм на својот духовен и идеолошки водач.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го засака како свој духовен Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)