свој (прид.) - дотогашен (прид.)

Прв пат чекореше со чувството на некаква победа чија смисла ја знаеше само тој, во својот дотогашен живот на порази, пренесувајќи се до последниот цариградски ден, кога ја напушташе Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Требаше да го брани својот дотогашен живот, во полза на новиот неизвесен живот на своето доселено семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
6 Но, и оваа намалена сума не беше испочитувана – па, по само еден месец нејзина исплата, реалната плата која работниците ја носеа дома се сведе само на 7.500 МКД!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не знаеше кога почнал да разговара самиот со себеси и не знаеше дали навистина рекол гласно дека ќе појде во мансатирот Свети Никита, дека таму, во тишина и под трепетливи зелени покриви, ќе размислува за својот дотогашен живот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не смееме да дозволиме љубовта да нè обезличува, му рече таа додека сè уште ми седеше во скутот и беше приклештена до моите гради.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но пред да замине по тој пијалок таа не пропушти да му понуди и некакви ненајдобронамерни совети на својот дотогашен миленик Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Низ сиот свој дотогашен живот - гимназијата, илегалата, партизанството, комесарството - тој и не занел дека во него се крие тоа зрнце, тоа Äркулче, тоа ѓаволче, способно да се расцвета во боцки од смеа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неговите изложби стануваа сѐ побогати, посетителите побројни, а посмелите од младите ликовни критичари сѐ подарежливи во своите пофалби; така што Гого почна да се занесува со замислата за една голема, во извесна смисла ретроспективна ама и репрезентативна изложба, во која ќе ги покаже на едно место најуспешните платна од својот дотогашен развој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)