свој (прид.) - досегашен (прид.)

Поради тоа сметам дека сите приказни за „крајот на историјата” се нешто што доаѓа како последица на несигурноста, во светот којшто (пред сé технолошки) се менува побрзо од кога било во својата досегашна историја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но фанатичниот сјај во очите на епизодистот, кој очигледно не се помирува со својата досегашна споредна улога, ако ништо друго ветува барем борба неизвесна но интересна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но Максим не му остава ни место и ниту време и понатаму да се залажува, зема да зборува а зборува спротивно на својот досегашен обичај, не прави починка меѓу зборовите и гласот му е лут, отсечен и подбивен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едновремено, технолошкиот развиток сè повеќе ги приближува световите еден кон друг и сите земји во светот ги стави во меѓузависна положба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, во својата досегашна историја, САД го напуштаа изолационизмот, пред сè, како резултат на сеопфатните економски стремежи што дејствуваа во западната цивилизација како целина и кои, по сè изгледа, биле многу силни за да можат да им се спротивставуваат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дури не сакаа ни збогум да им речат на своите досегашни началници војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Други, попроѕирливи, ја разбраа работата дека војводите сакаат да се откачат од нив; длабоко се замислија и почнаа да јачат: — Е, е, се виде таа, џанум, оти не оставате на агите, туку ајте ми со здравје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Генералот ја оцени својата досегашна работа како задоволство.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)