свој (прид.) - домашен (прид.)

Би сакал да го започнам моето објаснување со кратко истражување на птичјите гнезда и улогата што во нивното создавање ја имаат експресивните квалитети на песната и бојата. okno.mk 35 Планирани домови Кога прв пат беше поставено прашањето за начинот на којшто птиците ја создаваат својата домашна територија (од страна на етолозите како Лоренц и Тинберген) одговорот на него беше Домот е планиран, и ја содржеше во себе контроверзата во врска со проблемот Кој го прави пленирањето, гените или мозокот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Другиот ден не им ги прегледа тетратките, туку рече: - Ајде, Иле, прочитај ја својата домашна!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еден ден, додека ги решаваше своите домашни задачи, слушна: „Темјанушки! Темјанушки! Купете темјанушки“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре: – Кој е? – Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бесплатен и со помош на електрониката организиран така што работникот навечер, пред да си легне, од својата домашна тастатура јавува во колку часот утре му треба автобус и за каде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но Профим си го тераше своето верување и, спрема него, на секого од своите домашни му ја претскажуваше судбината.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)