свој (прид.) - дипломатски (прид.)

Го познавав и неговиот претходник, амбасадорот Петер Себастијан, кој ќе мине најголем дел од својата дипломатска кариера во арапските земји, а во Тунис ќе службува во последните години од режимот на Хабиб Бургиба (1984- 1987). Имавме убави односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Југославија инструкцијата била пренесена од страна на шефот на британските воени мисии Фицрој Меклин на 27 и 28 јануари 1945 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неизвесноста била прекината на 26 јануари 1945 година, кога Форин офис испратил инструкции до своите дипломатски претставници во Бугарија и во Југославија, со цел со нив да бидат запознаени владите на односните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Арафат се радуваше на својот дипломатски успех, ја гледаше поблиску од било кога својата Палестина, го очекуваше во неа своето триумфално враќање на бел коњ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му беше понудена катедра на Институтот за источни јазици, но на своите 25 години ја започнува својата дипломатска кариера и првото службување ќе му биде на Балканот (во Софија од 1972 до 1974 г.).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така беше и со првите американско-палестински разговори во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)