свој (прид.) - див (прид.)

Замавна со својата дива пашламарка на замислениот противник, но го поткачи Пикник од страна по глава и го турна од столот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Козите по многу особини ги изневериле своите диви предци и им се доближиле на луѓето... – Така е! – извика задоволно Чанга. – Но јас мислев на нешто друго!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фаик Коница поддршката на Гијом Аполинер ја сметаше како да ги имаше зад себе сите врвни европски институции кои со векови не можеа да го разберат Балканот, освен по својата дива егзотика, мистериозни јазици и племиња со средновековни обичаи, по повремените варварски пресметки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)