свој (прид.) - детски (прид.)

Тие соништа имаа чудна сила, невидлива, но доволно силна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога бев дете имав свои детски соништа, сонот го сакав повеќе од утрото и новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се сеќаваше на својот детски лик во берберското огледало кога дедо му за првпат го однесе и него да се истриже на бербер, како возрасен.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дури сега се сеќавам дека тогаш можев да го обгрнам со својата детска рака – воздивна, давајќи си пауза и јас знаев дека сега ќе дојде поентата – Моите раце одамна веќе не можат да ја обгрнат неговата блискост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Различно од било кој негов современик, или претходник, за Коро се тврди дека ја зачувал суштината на своите детски шкработини во идните дела.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истата година го препиша својот дневник додадавајќи 36 вињети распоредени по возрасти, од 2 до 12 години, и издаде каталог на своите детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е прв таков случај во модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Случката го поттикна да ги опише тие цртежи како „нешто највпечатливо што досега сум направил“, а истовремено актуализираше некои фундаментални прашања за него како уметник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Пол Кле се врати од своето уметничко „усо­вр­шување” во Рим, 1902. година, барајќи рамки во оставата на родителскиот дом, тој налета на некои свои детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во овие два смели потфата, дневникот и каталогот, тој ретроспективно го следи својот уметнички развој, досегнувајќи до самите корени на сопствената креативност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Трајче јаваше на коњчето Дорчо и беше многу весел, како да сакаше сета таа природа и планинска убавина да ја загрне во своите детски гради.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Раде Ич, комитата, кој водеше војна за својата земја со Отоманската империја, а потоа се бореше на страната на Бугарите против Србите, и на страната на Србите против Бугарите, не поведе никогаш војна против својата детска наивност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)