свој (прид.) - густ (прид.)

Под него тонеше темнината. Ноќта ги криеше под своите густи, црни коси расфрлените купишта од градежни материјали и ги бришеше сите видливи траги од дневната мака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И навистина, ете и сега, по големиот пораз, Толе пак зашета по Мариово како што шеташе и порано — слободен во своите густи борови гори, па и по своите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Само ако слушна оти сте им дале еден залак леб на ниа коркаровци, сете ќе ве избеса на сретсело! — викаше еден ден Толе во Градешница, покажувајќи и на дело дека ќе биде немилосрден спрема секого како што е сега немилосрден спрема самиот селски војвода Митре Гулета, на кого пред сите селани му удри дваесет и пет стапови по дебелото месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе, кај одеше, што земаше — секаде плаќаше преку разни бакшиши на децата — награди за извршени услуги и други подароци на посестримки и нивни блиски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Караорман, оддалеку, со својата густа шума, изгледа црн.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)