свој (прид.) - врвен (прид.)

Но, додека Монтескје грижно ги чуваше разликите меѓу позитивните закони и универзалните начела на правдата, Хердер сметаше дека ништо не ја надминува мноштвеноста на колективните души: сите наднационални вредности - правни, естетски или морални - лишени се од својата врвна власт. 21 Хердер има тенденција да стави точка на онаа древна заблуда на разумот што се состои во стремежот човечките дела да се истргнат од нивниот контекст и да се издвојат од околината во која се произведени за да може да се просудуваат соодветно на вонвременските критериуми на Доброто, Убавото, Вистинитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја расчленувал состојбата на животот што во непрекинати црвечки напрегања се стремела да се одржи во една непроменливост или да се искачи до својата врвна точка на неизбежното непостоење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Радува фактот што веќе преку првите одгласи за ова дело, многумина негови оценувачи и на устен и на писмен начин му го соопштиле својот позитивен прием на ЕРВЕХЕ, предочувајќи му на авторот дека токму со ова дело го разгласил својот врвен дострел во прозната белетристика. Дека е тоа така, повелете – слушнете нѐ...! ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Желбите и подробностите на вчерашниот живот сакал да ги сврзе со некакво поинакво утре но тие се губеле под замагленоста на очајот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Битката на Мечкин Камен ја достигнуваше својата врвна точка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)