свој (прид.) - болен (прид.)

- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа постои, другар брат, и постоиш ти со своите болни гради.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)