свој (прид.) - близок (прид.)

На сите ним им порачува, доколку се најдат во иста или слична ситуација, веднаш да побараат свој близок адвокат, кој ќе им помогне: „Сега, после првиот спор, е лесно...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Машаланов е за поздравување затоа што ги ох- рабрува големиот број „непријавени“ и неосигурени работници – кои, правно гледано, немаат склучено договори за вработување и поради тоа чувствуваат дека се наоѓаат во инфериорна позиција vis-à-vis своите „газди“, да си ги бараат своите права по и судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Машаланов задоволен од одлуката и од ефективноста при нејзиното спроведувањето, бидејќи од истата ја доби чесно одработената финансиска надокнада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите кои доаѓаа кај своите блиски им носеа и по нешто за јадење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И им посакувам да бидат присутни тука на земската софра доволно долго за да можат да ги поправат сите грешки што ги направиле ненамерно или намерно, случајно или смислено, принудени или не... и при тоа ги повредиле своите блиски.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако дојде редот пак да ни солите памет од преку граница, тогаш ќе се прашаме! — одговори еден од Борисовите четници и помина во другиот табор, инстинктивно чувствувајќи кој е со народот, а кој против него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги нарамија пушките и кинисаа да ги делат страданијата со своите блиски и роднини в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го следела напредокот на својот близок роднина Фетхи-беј Окијар кој, рамо до рамо со Ататурк, бил во првите редови на одбраната на нова Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дишан го зел псевдонимот Rroze Selavy, со кој го потпишал овој филм, откако со истиот тој псевдоним се потпишал на разгледницата која му ја испратил на својот близок пријател Пикабија (“Pis qu ‘habilla Rrose Selavy”).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знам како да ја продолжам прикаската на братучедот Германа, но со мислата истрчувам кон крајот на прикаската и ми станува непријатно поради сето ова што му го приредувам на својот близок роднина и драг пријател.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Попусто и поочајувачки, кога човек подлабоко ќе се замисли за својот живот и за животот на своите блиски, дури и од она Од земја си и пак во земја ќе се вратиш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше најтажниот, воопшто најтажниот ден во сиот негов досегашен живот, за првпат се делеше од своите блиски и од своето родно место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жалејќи го Кузмана, тие над своето блиско толку неизмерно плачат: да не стане пљачка на пците...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со тивка, ненаметлива упорност, во залезните години на животот, сакаше да нѐ доближи до својата некогашна одисеја и големите тајни на животот, но тоа го чинеше со многу такт за да не влијае на однесувањето и постапките на своите блиски, потомците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Инаку, тој ги сакал своите блиски, своите другари и својот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше пример на интимен и мил другар, готов во секој момент да се жртвува за своите блиски и другари“33.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Аритон Јаковлески сигурно пред тоа имал своја куќа, свои блиски, можеби и деца, синови и ќерки, можеби бил многу среќен татко, човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби мислеше со прашањето: јас и не можам без караници со своите блиски.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во низата на корумпирани и неспособни политичари, кои, единствено беа загрижени за добрата финансиска состојба, своја секако, и на своите блиски, во тешките времиња на нашата транзиција, во севкупниот хаос продуциран од корумпираната олигархија, се појави човек изникнат од народот, кој го посвети својот живот на доброто на народот и својата голема енергија до последна капка ја троши за просперитетот на народот".
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секој гледаше да даде што може повеќе на манастирот и со тоа да добие милост и за себе и за своите блиски, та дури и арамијата Катар Ќаа му приложи на свети Илија седумдесет лири да го чува од вариите и потерите што го бркаа, со кои пари дедот Стале му го плати зографисувањето на Аврама Дичов од Тресонче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од вратата ги фати чадот од борината и боровите дрва и почнаа да си ги бришат очите, небарем се сетија за сите свои блиски и далечни покојници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Останаа претепани на сретсело попот, кефалијата, старците и жените со ситни деца да ги оплакуваат одведените свои блиски и изгорените домови. He заборави кадијата да ги собере сите здрави и напредни деца од 8-12 години, околу дваесетина, а да му ги подари пак на падишахот во Истанбул, како и оние пред десетина години со Ангелета Сирмев од Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
XLII Мајка, до крајот од својот живот, им ја даруваше својата добрина на своите блиски соседи, меѓу кои имаше и неколку осамени врснички.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се борев недоволно искористената земја да се одземе од мрзливите сопственици и да им се додели на безземјашите и невработените кои на тој начин би обезбедиле опстанок за себе и своите блиски. (Џ. и тркалото ракоплескаат) Сакав на татковината да и го повратам вековното морално достоинство.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Некои ги товареа во вреќи и коските на своите блиски што ги откопуваа во гробиштата: да ги понесат со себе каде што ќе закуќат нов живот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа не беше свесна дека кај многумина од бегалците, кај оние што оставија некој свој близок во рамната земја, напика мисла што рие како црв во нивните глави дека кога тогај нивните мртви мора да се преселат во нивна близина - тука, во Македонија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тамам ќе го довикнев во сеќавањата, мислите ќе ми отидеа кај Ивана, кон нашата разделба на аеродромот, кон нејзиното последно завртување накај мене пред да влезе во авионот и нејзиниот израз на лицето што ме бара низ луѓето кои стоеја пред аеродромската зграда и ги испраќаа со поглед своите блиски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме бара, а не може да ме здогледа, подзастанува малку и пак тргнува по скалите до влезот на авионот, оти другите патници ја туркаат напред и, готово е, веќе ја нема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)