свој (прид.) - балкански (прид.)

Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во темната балканска ноќ, која се ритмуваше со шумот на брановите на Езерото, Татко ја продолжуваше потрагата по својата балканска Атлантида, која сигурно некогаш била напуштена и среќниот круг на животот бил завршен, а сега нејзиното повторно откривање беше можно во следењето на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)