свој (прид.) - албански (прид.)

На Фаик Коница му биле потребни десетина години да го реституира својот албански мајчин јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, во тие пресудни мигови од својот живот и судбината на неговото семејство како да се најде пред рубиконот на својот албански идентитет, кога мигум требаше да го направи пресвртниот конечен чекор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во полемиката Фаик Коница постојано го употребувал псевдонимот Транк Спироберг, не само за да го затскрие парцијалниот интерес на својот албански јазик туку и за да влезе во рамноправна полемика со тогашни француски лингвисти со меѓународен авторитет какви што биле д-р Фруктје, приврзаник на есперантото, д-р Фово де Курмел, приврзаник на синиот јазик, Жак Тасе, застапник на тезата латинскиот да биде одреден за меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој дури имаше составено типологија на интелектуалното јаничарство во редовите на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вообичаено ознаките за деловите на телото ретко се случува да се од странско потекло, но сепак Татко најде необично голем број како во својот албански мајчин јазик, така и во македонскиот мајчин јазик на Климент Камилски, како и во другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во својата незавршена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите, во поглавјето за јаничарството, Татко посебно внимание му посвети на интелектуалното јаничарство на Балканот, во Европа, во светот, но посебно кај својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Читаше што имаше некогаш запишано за јаничарите, за јаничарството на својот народ, за тие први везири, (садраземи), министри, војсководци, паши, чиновници на високи државни служби, кадии, имами, дипломати, посебно многу претставници на јаничари по перо, кои ја испишуваа историјата на царството, но и отворено или скришно и на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Причината Татко најмногу да се задржи на Кочи-беј, другиот, можеби најголемиот, албански јаничар по перо, по Сами-беј Фрашери, кој во својата позната енциклопедија Kamsul` Alam пишувал за османските меморандуми на својот албански сонародник, беше токму споредбата со Монтескје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко за својата Историја имаше цела јаничарска типологија, поаѓајќи од својот албански народ, па потоа кај другите балкански и европски народи со јаничарска судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во својата судбина ги чувствуваше и изразитите парадокси од судбината на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа појава тешко можеше да се објасни, освен со култната поврзаност на луѓето кон овие зборови кои не сакаа да ги менуваат, покажувајќи одбивност кон латинската генеза на зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гијом Аполинер ќе објавува во списанието на својот албански пријател.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Работев врз неговата збирка Алкохоли, но и на француските текстови кои му ги испраќаше на својот албански пријател полиграфот Фаик Коница...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бранеше македонски рисјани, сиромашни рибари, свои албански сонародници, со голема внесеност и хуманост.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Никогаш поинаку именувано освен како Езерото, во реалноста, Охридското Езеро, со својот албански брег, градот Поградец во кој е роден Луан Старова и во кој централниот лик во романот, наречен Татко, се враќа со своето семејство по завршените студии во Цариград, цврсто решен „да навлезе во тајните на историјата на Отоманската Империја на Балканот.”
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)