свој (прид.) - џип (имн.)

На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се поздравија, се разделија и секој тргна на своја страна: Фотевци со својот џип, а Богевци со своето пајтонче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Старата и дотраена 23-ка, која како да е така намерно наштелувана, гасеше на секоја втора станица и возеше со максимум 30 км на час, не можеше да ѝ го одземе на Јадранка тоа возвишено чувство што го имаше во денот кога таа го возеше својот џип.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас отидов, - рече, па се качи на својот џип и ја смагли надолу, низ Рамни Ливади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Директорот Стево Трајчов беше изненаден од нејзиното рано доаѓање во Центарот, но покажа љубезност кон неа и ја покани на кафе во неговиот кабинет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема со својот џип влезе во дворот на Прифатниот центар по завршувањето на утринската гимнастика на жените.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)