свој (прид.) - љубопитство (имн.)

Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За да се воздржи од своето љубопитство, колку што можеше побрзо телефонскиот именик го фрли на задното седиште во колата, но цело време, предизвикувајќи му возбуда, во главата му се наметнуваше прашањето дали воопшто ќе најде некој друг Едо Бранов освен себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во еден момент ми се пристори дека му го слушнав придушеното смеење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никој не се појави од никаде, никој не пофте да го покаже своето интересирање и своето љубопитство за почетокот на работата на бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ако, и јас сум таков – се обиде да го оправда своето љубопитство стражарот од ходникот пред да ја затвори вратата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)