свој (прид.) - љубен (имн.)

Рано наутро отишол кај својата љубена Веза.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Песната што печалбарот ја пее при разделбата со својата љубена млада жена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во свеста на Дишан раѓањето на детето можби се идентифицира со Жана Саре како невеста, иако во тоа време таа веќе била мажена за друг човек (за агент на една осигурителна компанија кој го одгледал девојчето како свое).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали е коинциденција тоа што по една година Дишан ќе ги започне своите истражувања за едно дело чија централна тема е неуспешниот обид на додворувачот да ја добие раката на својата љубена?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Рада, на која пишувањето ѝ одеше од рака, преку играта на зборови настојуваше да го испроба пулсот на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Може! - со восхит му одврати Рада, огледувајќи го својот лик во сините очи на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доаѓајќи до пасусот „сѐ уште во мене летото не бледнее“, Рада го прекина својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
При самата помисла за повторна средба, беше во состојба да полета кон облаците, беше решен ако треба и да ползи, да моли за да може уште еднаш да го освои срцето на својата љубена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со треперливи раце и трепетно срце го отвори ковертот, чекајќи однатре да ги чуе зборовите на својот љубен: „Се вратив, љубов моја, подготви се за невеста...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога стигна дома, не ја најде својата љубена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Погледна кон улицата и за последен пат ја виде својата љубена претворена во топка сало како со огромна брзина се тркала некаде далеку.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не знам дали брат ми ми ја имаше раскажано или самата ја имав измислено бајката за птицата која ја изгубила својата љубена птица, и од тага со клунот си ги раскинала градите, и од таму, со клунот, си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека така лежев во полусвест, чувствував како нешто ме клука во градите, како да сака да дојде до моето срце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)