свој (прид.) - шатор (имн.)

Тие веќе беа растурени по полјанката и се оддалечуваа накај своите шатори.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колку ќе се успокоиме кога камените ѕидови ќе нè разделат од калешава...’ А најмладиот се вратил под својот шатор, пеплосан и помирен со судбината, како човек кој на својот пат ја сретнал Смртта лично, со коса на рамо, како кога оди да ја собере својата жетва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другата на Александар, се одмараа во логорите, а тој пак се забавува, пред својот шатор со гаталецот Аристандар.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Како најстар планинар, по извршената контрола и гаснењето на огнот, последен се повлече во својот шатор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Џипот полека тргна напред, тешко потскокнува по нерамнините, Коста го свртува клучот, моторот закашлува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)