свој (прид.) - чест (имн.)

Погледни ме добро, пред да ме чуеш. Јасно ти е: не изгледам како човек што лаже, не сум расипник, не ја расфрлувам својата чест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тој ли е тој твој маж?... Тој убиец!... Заради него ли ти ја чуваш својата чест?...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пееја химни и псалми во своја чест, следени од литија, попови, и патријарси, од лажни богоугодници и фарисеи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ја свртил главата и рекол, госпоѓо, јас Ве сакам повеќе од својот живот, но помалку од својата чест, станал и се пријавил во војска.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)