свој (прид.) - час (имн.)

1949 - 1952 Ботеро ги плаќа своите часови во лицејот Сан Хозе де Мариниља цртајќи за периодиката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еве таа го разбира неговиот вик и својот час, необична, таа го поведува орото во прва приквечерина, кога е сонцето зајдено и иде темнината.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
I. Времето ги одбројува своите часови, зад секој агол отчукува пулсот на животот, а следниот чекор е бездна...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не се знае точно во кој дел на светот го дочекала последниот свој час Рубина Фаин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)