Сега веќе знаете, станува збор за Марлборо и за славната “Marlboro Country” имиџ кампањата која трае еве веќе 40 години!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Компанијата што ги прозведувала цигариве сакала да влезе и на машкиот пазар и да ги “репозиционира” своите цигари.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дотогаш споменатите цигари им биле наменети на жените.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Продолжително, остро го изгледа, Велета, тргајќи силно од својата цигара, без да забележи дека таа е угасната.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Професори, велиш?.. Даскали, демек? - старецот испушти густ чад од својата цигара.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Оние четворица бргу ги допушија своите цигари а после му застанаа пак од сите четири страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Значи, - рече Претседателот, гаснејќи ја својата цигара, - ти, Змејко, ние сме готови да тргнеме.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега тие стануваа и чмуреа со своите цигари. Тие ваши цигари, мислеше Змејко. И тие ваши полни бечви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги гледаше сите нивни лица, сите четири лица на сите овие четворица познати луѓе, кои што сега, исто како небото пред малку, мораше да ги открива на еден сосема нов начин, во таа нова длабочина на небото над нив, додека почиваа и додека си уфкаа во своите прежилени раце, а и после, додека ги палеа своите цигари, собрани во една група пред него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оние сега ги запалија своите цигари, а тој почна да се плаши од тоа Претседателот да не почне со она свое проклето зборување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ОСТОИЌ: (Вади свои цигари) Имам свои. Благодарам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пандо, дрезнејќи ја својата цигара од тревки, се загледува во неговите сини очи, плука настрана и процедува: - Што да речам јас?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таму ги моташе своите цигари од кафеава хартија, читаше од здодевната книжевност достапна на ранчот и си додаваше импровизации на песните од репертоарот кои ги пееше извонредно експертски на гитарата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Некаква мирислива мирнотија се чинеше дека го исполнува неговиот свет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)