свој (прид.) - цена (имн.)

Марија однапред ја определи својата цена – да му се пренесе порака на мажот ѝ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој егзил има своја цена. Свој трагизам. Изгубено враќање...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој ја плаќа својата цена, никој не поминува бесплатно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кутрата, сега таа, како и нејзиниот брат, но за среќа не како него, поради знаењето на англискиот јазик, туку поради рускиот јазик да плати своја цена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во некои од трошните куќи зад прозорците стоеја полуголи девојки и ги довикуваа мажите кои чекореа по уличките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сплаварот само тапо ја гледаше и молчеше. На крајот ја кажа својата цена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои од тие девојки го допираа Зигмунд, ја кажуваа својата цена, и потоа трчаа по нас, ја намалуваа цената, сѐ додека не доаѓаа до онолку со колку може да се купи парче леб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој не знаеше од каде дошла, ниту како дошла, па првиот податок за нејзиното пристигнување е службениот записник кој самиот го издиктирал по разговорот со неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)