свој (прид.) - храна (имн.)

Манифестираат непотребен револт, бараат да бидат и самите повредени, за да дојдат до својата храна – објаснуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја барам својата храна, како прегладнето животно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа ги советуваше во тешките времиња на сиромаштијата, понекогаш ги подучуваше нивните деца, ја делеше својата храна со нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оттаму, од просторите на доброволниот егзил, што го избра мојот Привид никогаш не пристигна никаква надраска, ниту белег, ниту знак или абер во кој ќе препознаеме барем еден наш здив, наша сказна или спомен помеѓу сите туѓински определби што наеднаш Привидот ги избрал за своја храна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)