свој (прид.) - фотографија (имн.)

А. ПАВЛОВНА: Глупости. Тој веднаш ми ја тутна в раце својата фотографија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Думбаровски се гордееше со своите фотографии и копии, од нив подаруваше на истакнати личности од земјата и од странство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ѝ го подигна највисокиот споменик во црн мермер, а покрај нејзината си ја залепи и својата фотографија, со годината на раѓање и цртичка за годината кога ќе ѝ се придружи на сестричката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
(Ова го прави повторно, но подословно, во Monte Carlo Bond, 1924, каде приложува и своја фотографија со рогови.) Со откажувањето од „креативноста“ во нејзината прифатена форма, Дишан исто така се откажува и од задушувачката конотација за „боголикоста“ - едно ослободено движење со невидена дрскост, чие разгранување ќе продолжи да влијае на целиот свет на естетиката и филозофијата сѐ додека такви субјекти постојат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бистроока, со плетенки на грбот и врела, му доаѓаше еднаш неделно и му носеше по една нова своја фотографија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крајот ѝ испраќа искрени поздрави и ја моли да му испрати своја фотографија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)