свој (прид.) - физиономија (имн.)

Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Софија без своето зеленоло, без паркови, без цветните алеи би била едно безлично големо градиште, без своја физиономија, а од друга страна и без свои филтри, без свои бели дробови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес, на пример, секој од овие „квартали“ својата физиономија ја манифестираат со тоа, што има свои автобуси и трамваи за превоз на патници, некој вид управни полициски органи, како и некои специфичности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)