свој (прид.) - фасцинација (имн.)

Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност, во тоа важно писмо госпоѓата Лајбовиц се обидува да ти објасни зошто (воопшто) се решила да кореспондира со Тебе: тоа го сторила исклучително поради својата фасцинација од светот на твоите родители и онаа чудесна тишина, Барт би ја нарекол Љубов, која нив ги одржува обединети во текот на многу години (Старова, 2008: 22).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговиот поттик и неговата причина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)