свој (прид.) - ученик (имн.)

Во петте дела кои можат да се наслојуваат: 31’ 57.9864’’ и 34’ 46. 776’’, двете за пијанист, 26’ 11. 499’’ за гудач, 27’ 10. 554’’ за тапанар и 45’ за говорник (броевите во насловот на делото го означуваат неговото траење во минути и секунди), Кејџ користи заедничка структура при организација на времето изедначувајќи го текстот што го чита говорникот со музичката композиција (текстот поседува освен вербални, и фонетски и гестикулирачки квалитети).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсуството на секој вид ригорозност и академски стандард, чувството на полна предавачка слобода (еден од курсевите за нова музика имаше за тема идентификација на печурките) му овозможи на Кејџ истовремено и да учи од своите ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сократ ја позајмил од Делфискиот пророк сентенцата „Себе си запознај се“ и ја пласирал кај своите ученици како негова лична измислица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Патриотското пропагандно друштво „Св. Сава” од 1888 година отвори пансион за своите ученици стипендијанти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во FALLS тој го наведува, како енциклопедиски податок, случајот со (измислениот) сликар Капичи, кој “на своите ученици им дал да ископираат една слика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сето тоа го засадив јас со своите ученици и нивните родители.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А.А. со восхит го гледаше својот ученик. Беше целосно од неговата школа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да се потсетиме, Леонардо на своите ученици им препорачувал да ги набљудуваат петната по старите ѕидови, откршените камења, делчињата од нештата, бидејќи тие можат да покажат една поинаква реалност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- ...пиши... (тука во неговиот ехо-одговор, заеднички се вмеша плачот на петте бебиња, а мене ми прелета мислата на Берлиоз „Времето е голем учител, но за жал ги убива своите ученици“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако проѕирна, вратата беше цврсто затворана.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Низ целото писмо бликаше страсна благодарност и блискост која Мајсторот никогаш не ја беше сретнал кај своите ученици.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Учителот, со лице мирно, но и студено како мермер, стои пред таблата и со пронижувачки поглед ги испитува ликовите на своите ученици.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таа беше налик љубовта на Сократ кон своите ученици.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се распрашува за сите свои ученици, сите ги поздравува...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Игор Лозински беше свесен за големата љубопитност на својот ученик.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го храбри Игор Лозински својот ученик Цветан Горски на сон, да биде мирен и достоинствен на утрешната средба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа се случи на првиот час. Учителот Мирчевски ги распореди своите ученици: помалите напред, поголемите назад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)