свој (прид.) - успех (имн.)

Фотографот фалејќи ја, инспирирано зборуваше за своите успеси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Професор Ричард тврдеше дека 34 конквистадорите за своите успеси во Америка не треба да им бидат толку благодарни на коњите и на барутот, колку на бродовите, односно на фактот дека за нив, наспроти поимањето на Индијанците, скокот преку океанот беше наполно овоземска работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А и претходната книга, со 77-те анти-упатства(!) имаше, со својот успех, благо седативно влијание врз А.П.: промоции, интервјуа, им ја сликаа насловната страница по весници и телевизии, ги најавија дури и на „ТВ Бинго“!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, Хорацио е актер, па нормално е што живата реч му се чини најмоќна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не осигурувај го својот успех.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се пофали дека го сакаат жените и влезе внатре на дело да ни го покаже својот успех.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во педесеттите и шеесеттите години Хичкок се наоѓаше на врвот од своето творештво и својот успех.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но кога видоа дека Александар летна со коњот сечејќи го воздухот, сврте како што треба и дојава назад, горделив на својот успех и порадосен од кога било, сите присутни воскликнаа а Филип заплака од радост.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Мило ми е што се научи скромно да ми кажува за своите успеси.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)