Тогаш тој погледна во нејзините усни на Црнкиња и во својот ум ја вообличи песната што Таа потајно се обидуваше да ја склопи во конечен звучен мозаик.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Секој според своите разбирања, според својот ум и срце.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А беше учен и ќемерот да не го носи празен, за да дава бакшиши по разни посестримки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. Не било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— се притапкаа сиромаси селаните, но Толе не се делеше од својот ум дека тој е паша на овој пашалук.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие се всушност ментални проститутки кои својот ум го продаваат на такозваната бизнис елита, а најчесто и за грст евриња како Енџиоа својот анус го нудат на Западот притоа шиткајќи све што е локално и од историска вредност.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Зашто, треба да се знае, човекот со својот ум е посилен од сè.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не беше во состојба да каже дали гледаше со своите сопствени очи, дали размислуваше со својот ум, дали слушаше со своите сопствени уши или со оние на Рози.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ги поучуваше. Повремено, кога го одмораше својот ум од набљудување на Тумбица, тој сталожено и разложно на луѓето им ја објаснуваше Америка: „Таму, во Јунајтид Стејтс, ние сме многу дивелопет. Најдивелопет на светот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дури подоцна брезничани ќе откријат дека тој е дојден тука да го инвестира во ди-велопментот на сиромаштијата во Брезница сиот свој ум толку години собиран и печален по Америка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Без да го спомне, Чако веднаш го отфрли од својот ум, како неважна тема.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога ќе ги нападнат страстите, опседнати се со тоа, блокирајќи го целиот свој ум.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако човекот му верува на својот ум, ќе стигне многу повисоко отколку што мисли дека може: ќе стане натчовек.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со сета острина на својот ум, со сите свои инстинкти, за кои дури и Мина му рече дека се слични на нејзините, беше немоќен на својот народ да му понуди нешто друго освен срам.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа, навикнувај однапред да се шегуваш со она, што за нашите предци било свето: ништо не е толку блескаво како млад човек кога се шегува со битните работи без да ги сфаќа; со сета плиткост на својот ум, тој тогаш е мил како пудлица што сака да го нападне коњаничкиот капетан и да го раскине на парчиња додека тој рамнодушно си го пуши лулето и не се интересира за нејзиниот гнев.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа е така: ако го затвориш другиот во лудница, ти не си го докажал својот ум.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
2. Штом се подготвиш со овој прекрасен почеток, од кого следуваат сите други правила од кои човекот блеска во општеството, ти треба да отфрлиш некои предрасуди, кои некојпат му пречат на младиот човек да блеска со остроумност. 120 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се потсетив на шпанската шега, кога Французите пред два и пол века првата лудница кај себе ја изградија: “Тие ги затворија сите свои будали во посебна куќа за да уверат дека самите тие се паметни луѓе”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Баба Роска го гледаше во чудо - тој човек кој со години ги фасцинираше сите со бистрината на својот ум и со беспрекорното паметење на ликови, имиња и датуми, како се претвора во физичка и психичка рушевина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не само дека врши свештенечка работа, и не само дека е Акиноски, туку и дека прв тој од сите Акиноски излезе од Имотот, се вмеша во работите на Потковицата и повеќе од десет години ја закрилува со својот ум, со своето богатство и со честа што му ја имаат и тука, во Потковицата, и надвор од неа: во Прилеп, во Битола па дури и во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Отсега ќе раѓаш осаменици, со свој ум и со своја сила,“ „Како Адам и Ева“, со занес се замешува еден од слушателите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И додека настојуваа што побргу да се вразуми терајќи го да го полни воздухот во собата со каење и ветување дека ќе се поправи, дека ќе се измени, дедо му Аврам држеше до своето дека детето треба да се пушти на мира, да расудува со свој ум, да гледа со своите очи; во секое доба од животот да мисли онака како што му наложува тоа доба, зашто нема враќање назад.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Браќата не престануваа да копаат по бездната на својот ум: некој пророк со дрвена нога претскажал пожар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
— He, не ага, Калешко зборува од свој ум за пресек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Продолжуваше да се самообвинува: ако ги следела пораките на својот ум веднаш ќе се вратела дома за да се дотера како што прилега.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сите негови темни внуци и роднини се криеја по гратчињата ширум светот, вршеа невидени работи со својот ум или вештерските прсти и белите заби; од небото фрлаа огнени јазици или пак итаа по шумите во облик на волци, под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сѐ му раскажав. И му реков дека не сум правдо и оти свој ум си имам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Станува негова прилика. А приликите во животот на дед Павел беа почнале да се влошуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар немаш никогаш насетено како твојот сопствен ум има намера да те понизи, да те завлечка во матните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас бев излажан од својот ум.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мене ми се чини оти сѐ она што човекот го создава со своите раце и со својот ум, со време почнува да ја следи судбината на сојот создател.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе го развиете своето тело со тенис и пливање. Својот ум со одбрани четива.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пред присутните тој го прочитал писмото на Рузвелт упатено до Американците од словенско потекло, во кое тој ги повикувал да го вложат сиот свој ум во конструктивни акции за забрзување на големата задача - за што побрза победа, како претпоставка за мир на земјата и за благосостојба на народите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Еднодушното решение на делегатите да ја поддржат кандидатурата на Рузвелт, кого Американците од словенско потекло го гледале како приврзаник на зацврстувањето на американско-советската соработка, претставувало најконструктивната акција на Конгресот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Не оти во главата тој си има свој ум?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Луѓето кои користат кибертехнологија за да донесуваат брзи одлуки во својата работа, нема да си отидат после работа дома за пасивно да им дозволат на постарите okno.mk | Margina #32-33 [1996] 58 политичари, менопаузни мажи, со затворени умови, да донесуваат одлуки наместо нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Појавата на оваа нова каста на отворени умови во различни земји ширум светот е централен историски настан во последните четириесет години. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие меѓусебно се стимулираат за постојано усовршување и реформатирање на своите умови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)