свој (прид.) - уво (имн.)

Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој тогаш го раскажа она што со свои уши го чул од нив,од Бошета и од татко ѝ на Драганка, кога, како нашинец отишол да ги посети во воената болница каде што, подоцна, и двајцата умреле од раните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакаше со своите уши да слушне од Стевановата уста дали навистина Ката зборувала дома за нивното продавање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја слушам и не им верувам на своите уши.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А кога си отиде сопственикот, тој им се приближи на мајсторите: - Немаше да поверувам, ако со свои уши не го чув сето ова.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ова не го слушаше само со своите уши туку и со сето свое тело, со сите свои сетила, и со порите на својата кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не вреди ни пет пари, ако човек не види со свое око и не слушне со свое уво“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таков е тој, за него сѐ да е чисто, сѐ на свое место и сѐ на време.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Кога таа така ги чисти своите уши, така ќе ја чисти и мојата куќа“ — рекол и ја оставил и неа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Генсекот кој како да не им веруваше на своите уши, сакаше пораката да ја провери со своите очи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што сѐ не се наслушав со свои уши; плачеше пред мене Трајчеица додека ја бараше смислата на сите оние истурени како од бунар зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас со свои уши чув како, на без вода, меле воденицата Јакимова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)