свој (прид.) - убиец (имн.)

Но се промени перцепцијата на насилството. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 205
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тогаш, по еден истрел, на момчето како да му здодеало со напнат грб да го исправа од невозможната положба човекот со крвави гради.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И најпрвин на коленици, потоа меко, на едната страна бапнал коњот и останал со доближената глава до лицето на својот убиец, до едното негово око од кое смртта ја испивала машката солза.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стоун е секогаш подготвен да ги брани најчудните тези на својот филм.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со намера или не, NBK ги романтизира своите убијци, ги прави попаметни и посекси од нивните гонители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)