свој (прид.) - убавина (имн.)

Свиреа бродовите на Дунав накитени како новогодишни елки. Неповторливо доживување. Будимпешта со сета своја убавина и ние.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од тоа време датира и легендата која раскажува дека меѓу планините на југ од Марица живеела многу убава девојка Родопа, која често слегнувала на брегот на реката за да се огледува во неа и да се воодушевува на својата убавина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А на бреговите на оваа река големиот германски поет Хајнрих Хајне ја испеал многу познатата песна „Лорелај“, инапириран од народната легенда за една самовила, која со својата убавина ги омаѓосувала сите што ја гледале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му се стори дека во овој момент би можел со мал напор да постигне нешто што ќе ја запази својата убавина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти течат, се разбира, и други зборови и сите тие си имаат свое вистинско и изопачено значење, сите зборови си имаат и своја убавина и огледало пред кое се китат бавно и гордо, буква по буква.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Овие слики речиси секогаш се во живи бои, коишто се опишуваат како богати, брилијантни, треперливи, светкави или натприродни - и коишто со својата убавина го надминуваат сето она што личноста го видела пред тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зошто онаа бистра река, овој пејзаж, не ме ни допираат со својата убавина!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Единствено што сета оваа бескрајна празнота на убавината ја исполнуваше беше некоја нечуена космичка убавина што опива за да понесе уште подлабоко во својата убавина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лошо изврзаните јазли што му пречеа на животот да ги растегне сите своите убавини можеле да ѝ пречат и на љубовта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тоа е навистина недофатливо, нејасно. - Неодредени околности? Љубовта збунета?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се раѓа вегетација која успева на посебен начин, сама од себе развивајќи се интелигентно со своите убавини.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги гледав дотераните парижанки како поминуват по улиците, бистроата полни со луѓе, Сена чинам ме поздрави со сета своја убавина, во далечината истото го стори и Ајфелова кула... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мама со сета своја убавина ми се смешкаше од сликата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Откако го добив еден од последните примероци на Захариј и други раскази од раката на самиот автор, со христијански скромна посвета, се најдов во за мене сосема исклучителна и пријатна ситуација, да ме изненади едно книжевно дело со својата убавина, скромност, вистинољубивост и со веќе спомнатиот природен тон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тој миг таа застана, се наведна, крена едно листенце што не го беше настапнала, а се жолтеше со сета своја убавина и му се зарадуваа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
5. Избери си случајно, неколку автори, научи им ги имињата, замисли дека еден од нив те плени тебе со својата убавина како што Дон Кихот си замисли дека Дулчинеја го плени, а очи не ѝ виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нема никаква слава да му се смееш на Антирихардсон, тоа значи да го тепаш веќе паднатиот: и без тебе целиот свет знае дека тоа е никаков писател, но ако му се смееш на Ломоносов или, штом го посетиш театарот, ги навредуваш славната Лесаж и Делпи, тогаш со тоа даваш знак на надмоќ на твојот вкус, што ниту со толку великите таленти не може да биде задоволен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Девојката се насмевнува на својата убавина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Зошто бре да ги брка? Тој со својата убавина треба да бега од нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трите убавици беа на различна возраст. Но, секоја со својата убавина за своите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа градината секогаш блескаше во својата убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така со својата убавина можела да ги избира како лубеници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И јас мислам дека љубовта и во подоцнежните години си има своја убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа гледање и уживање во својата убавина, таа нарцисоидност кај неа, се роди уште од младите години, во пубертетот: убавината што ѝ ја дала природата, настојуваше уште повеќе да ја разубави по вештачки пат дообликувајќи го телото со разни стегачи, градници и масажи, со негување на градите, со употреба на разни козметики, со одење кај козметичари и педикири, со одбрана исхрана, со следење на модна литература, со трошење на имотот на нејзиниот богат татко, а подоцна и со манекенство и позирање како фотомодел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За мажите што ѝ умирале, некои велеа дека таа ги убива со својата убавина, како што тоа го прават некои билки и инсекти.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Градот Викторија ме воодушеви со својата убавина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И така осамна убав летен ден со сите свои убавини и лошотии, во кој витоливци извадија сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина се погоди времето. Пролетен ден со сите свои убавини.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога ја дотераа и неа сејмените од црквата на сретсело пред кадијата, овој ја виде, таа го заслепе со својата убавина, та му нареди на својот буљукбашија Суљо-ага да ја однесе жива на конакот во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Знам, учевме ние во училиштето дека таа заради своите убавини и заради белиот бор што само таму расте е прогласена за национален парк, ама дека е толку убава не можев ни да сонувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уживај во сопствениот избор – ме посоветува тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)