свој (прид.) - траг (имн.)

Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што да фати, долго држи в рака: чашата со која пие вода, лајцата со која јаде, филџанот со кој пие кафе, ризата со која се брише, шипката од креветот за која се фаќа кога станува, бастунот со кој се потпира, рачката од вратата кога ја отвора и затвора, и секој предмет што го допира - го допира долго како да сака на него што подолго да го остави својот отисок, својот траг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)