свој (прид.) - торба (имн.)

КРТОВИЦА: Бујрум. Влезете. Влегуваат. Ја внесуваат својата торба. Ја оставаат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Вадат од својата торба голема мрежа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Автобусот пристигна. Секој од учениците од депото на автобусот ја извлекуваше својата торба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од својата торба извадив нов пасош, холандски, швајцарски банковен чип на исто име и ги пикнав во твојата чанта.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ливајн ја зеде својата торба за валкани алишта и ги фрли во неа работничкиот комбинезон, шушкавецот и чорапите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа кришум му доаѓаше на широчината со плашливо обѕирање вадеше од својата торба јадење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секоја мисли дека е за неа и секоја стежнува срце пред да ја удри болката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си ја разврза шамијата и полека почна да си ја расплетува долгата и дебела плетенка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој загриза усни за да го задржи липањето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ѕвонењето на шината го прекина намнисувањето. Жените стануваат, чепкаат по своите торби и тргнуваат накај казаните на обед.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
При отворена балконска врата тие се пакуваа, секој својата торба на својот кревет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грдан погледна во шишето, бистро како вода и без етикета, сакаше да праша по навик од каде ѝ е таа домашна ракија, но веднаш се сети дека тоа сега би имало некое задно значење, па само посегна по својата торба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајките, задоволни што им спи­јат децата, подготвуваа јадење од последните трошки во своите торби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А самиот знаеш какви сè чудесии ќе насобере во својата торба таквата ала кога ќе тргне на пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чарлс лежеше без зборови, додека лекарот со брзи движења ги враќаше инструментите во својата торба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)