Фимка ги погали чорапите, ги допре со образот небаре сакаше својата топлина преку нив да му ја пренесе на чедото и, свртувајќи се, тивко појде.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сончевите зраци продираа низ гранките од сливата, го наоѓаа својот пат меѓу зелените листиња и жолтите сливи и ме милуваа со сета своја топлина.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Летното сонце влезе во собата на родилките пркосејќи со својата топлина на студената утринска мугра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Орловското гнездо, како што еднаш го нарече Томо, својата топлина ја нудеше посебно кога двете цимерки на Рада заминуваа за Струмица и Кавадарци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја остави вечерва својата топлина во туѓа постела.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Водата зарем нема своја топлина, и зарем не е постудена од огнот, кој е жежок?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти секоја буква, непозната дури, има своја топлина, поинаква од топлината на другите букви, како секое нешто на лицето од земјата што има топлина и боја своја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти секоја буква, непозната дури, има своја топлина, поинаква од топлината на другите букви, како секое нешто на лицето од земјата што има топлина и боја своја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Водата зарем нема своја топлина, и зарем не е постудена од огнот, кој е жежок?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој ме погледна изненадено, и потем рече: „Секој умножувач свој дах му вдахнува на секој следен препис, своја топлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Набргу веќе не можеше да стори ништо друго, освен да се повлече на крајот од своите ветки и уште само да гледа како дебелиот пар од другата страна се престорува во една црвено-зеленикава грутка зазрачена жар, што го печеше со својата топлина и го гушеше со густите лути клопчиња чад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веројатно и наставничката ги сака овие фантастични работи, па со занес ни раскажува за вселената.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И токму ни рече да го отвориме учебникот и да погледнеме што треба особено да запаметиме. Ѝ рече на Софче полека и јасно да чита: - Вселената е бесконечен простор исполнет со милијарди ѕвезди и други небесни тела.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Сонцето е ѕвезда во гасовита состојба и има своја топлина и светлина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Удар од дожд ја раскваси почвата, потоа полека сѐ престана, додека не настапи тишина без здив, а двајцата луѓе чекаа сами со својата топлина, сред студот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Убаво е да се вдишува воздухот и добро е да се чувствува сонцето со кожата, како со својата топлина продира сѐ подлабоко, и добро е да се чувствува градбата на костурот, прекрасната конструкција скриена длабоко во топлото месо, и добро е да се чујат гласови многу почисти и многу побрзи од оние во каменените длабини на бунарот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)